Туристи од Србија се жалат во Пефкохори: им ги симнувале табличките
Посетители тврдат дека акцијата ги таргетирала автомобилите со српски ознаки, додека грчките возила поминувале без казна.

Дел од српските туристи што летуваат во Пефкохори велат дека нивниот одмор се претворил во непријатно искуство по полициска акција при која од неколку автомобили им биле симнати регистарските таблички.
Според објави на социјалните мрежи, посетителите тврдат дека полицијата особено ги контролирала возилата со српски регистерски таблички, додека автомобилите со грчки ознаки, според нив, минувале без интервенција. Засега нема официјална потврда од грчката полиција за тие тврдења.
Незадоволството е поголемо по инцидент што се случил на самиот крајбрежен дел: туристите велат дека едно грчко возило останало паркирано на место каде паркирањето е забрането, додека на други автомобили им биле отстранети табличките.
Како што наведуваат, четворица полицајци прво напишале казна за тоа возило, по што заминале во близок ресторан. "Една од полицајките набргу се вратила до автомобилот, ја тргнала казната од шофершајбната, а потоа повторно се вратила во објектот," посочуваат туристите.
Туристите тврдат дека грчкото возило продолжило да го попречува сообраќајот и да го блокира минувањето на доставните камиони, додека полицијата во исто време ги преместувала српските автомобили на спротивната страна од улицата, за која според нив била дозволена за паркирање.
Поради ваквите тврдења, лицата што во моментов престојуваат во Пефкохори се повикуваат на дополнителна внимателност при паркирањето за да избегнат казни и други непријатности.
Засега информациите произлегуваат од објави на социјални мрежи и не се потврдени од официјални извори од грчката полиција.
Фото: прес-материјал од настанот