Почетна
Спорт

У-21: Таневски го повика 24-члениот состав за пријателскиот меч во Нови Сад

Контролниот меч се игра на 12 ноември на стадионот „Караѓорђе“, а повикани се млади играчи за подготовка пред новиот квалификациски циклус.

·Спорт
У-21: Таневски го повика 24-члениот состав за пријателскиот меч во Нови Сад

Македонската репрезентација до 21 година ќе одигра контролен натпревар со Србија на 12 ноември на стадионот „Караѓорђе“ во Нови Сад. Селекторот Александар Таневски повика 24 фудбалери за подготовките и проверката пред новите квалификации.

Составот и целта на контролата

Во повикот има три голмани, голем број дефанзивци, млад среден ред составен претежно од фудбалери родени во 2006 и 2007 година и напаѓачи кои играат во домашни и регионални клубови. Стручниот штаб ја гледа средбата како сериозен тест и шанса да се согледаат млади играчи во натпревари против силен противник.

  • Голмани: Љупче Џеков (Силекс), Даниел Диковски (Вардар), Натаниел Димовски (Пелистер).
  • Одбрана: Златко Радевски (Тетекс), Андреј Велков (Брегалница), Давор Росиќ (Охрид), Ѓорѓе Џеков (Силекс), Лука Атанасовски (Тетекс), Адис Мурати (Башкими), Андреј Аризанковски (Шкендија), Ѓорѓе Танчев (Брера).
  • Среден ред: Васил Тасовски (Младост Лучани, Србија), Теодор Николовски (Тиквеш), Илија Масларов (Лугано, Швајцарија), Никола Манојлов (Силекс), Мартин Ѓорѓиевски (Банска Бистрица, Словачка), Лука Трпевски (Црвена Звезда, Србија), Горјан Цветков (Скопје).
  • Напад: Никола Величковски (Скендербег, Албанија), Димитар Данев (Вардар), Адмир Љатифи (Осиек, Хрватска), Аритон Мехмед (Шкендија Арачиново), Игор Ристов (Брера, Македонија), Димитар Трајков (Влора, Албанија).

Селекторот Александар Таневски ја образложи идејата зад повикот и важноста на пријателскиот натпревар како дел од подготовката.

“ Не очекува сериозен тест против исклучително квалитетна селекција. Србија е домаќин на Европското првенство до 21 година и со овој состав има високи амбиции, што го прави натпреварот одлична можност да ги провериме нашите можности против силен противник.

Поголемиот дел од нашиот состав го сочинуваат фудбалери родени во 2006 и 2007 година, кои треба да бидат носители на репрезентацијата во следниот квалификациски циклус. Покрај нив, ќе имаме и неколку фудбалери родени во 2005 година, кои поради возрасната граница нема да имаат право на настап во следниот циклус, но станува збор за играчи со потенцијал и квалитет за А репрезентацијата.

Фудбалерите од помладите генерации, кои беа дел од претходниот собир, овојпат ќе бидат на располагање на селекторите на соодветните младински селекции, кои ги очекуваат квалификациски натпревари. Во Федерацијата работиме според заеднички концепт и со јасна цел, развој на играчите и напредок на репрезентативниот фудбал.

Иако станува збор за пријателски натпревар, за нас тој има големо значење. Ќе ни овозможи да видиме како функционираме и реагираме против силен противник, но и да добиеме појасна слика за работите на кои треба да посветиме внимание во периодот што следува.“ изјави Таневски.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи