Почетна
Спорт

(У20) Младите одбојкари ги дознаа противниците за Зонските квалификации

Машката У20 репрезентација ќе игра пет натпревари по систем „секој со секого“ во Софија од 25–29 август 2026 година.

·Спорт
(У20) Младите одбојкари ги дознаа противниците за Зонските квалификации

Машката репрезентација на Македонија до 20 години ги дозна противниците за Зонските квалификации за Европското првенство 2027, кои ќе се играат во Софија, Бугарија од 25 до 29 август 2026 година.

По одлуката на Европската конфедерација (ЦЕВ) Русија и Белорусија да учествуваат преку БВА — Балканските шампионати, кои едновремено се и Зонски квалификации, нашите момчиња ќе имаат силни противници: домаќинот Бугарија и селекциите на Србија, Турција, Русија и Белорусија.

За разлика од националниот тим на девојките кој ќе игра по групи, машката конкуренција ќе се игра по системот „секој со секого“ — сосема различен формат кој ќе остави мал простор за грешки.

Распоред на натпревари за Македонија (локално време)

25 август 2026 — против Бугарија, 17:30.
26 август 2026 — против Белорусија, 15:00.
27 август 2026 — против Србија, 15:00.
28 август 2026 — против Русија, 20:00.
29 август 2026 — против Турција, 17:30.

Подготовките за Зонските квалификации започнуваат на 5 август 2026 година во Крушево. На списокот на селекторот Јован Шапе и неговиот асистент Миодраг Новески се најдоа 18 надежни одбојкари од девет домашни клубови.

Од таборот во Крушево се очекува селекторот да ја заврши изборот на клучните играчи и да го финализира тактичкиот пристап пред почетокот на Балканскиот шампионат, каде што секој меч ќе биде од големо значење за пласманот на Европското првенство 2027.

Фото: balkanvolleyball.org

Поврзани написи