Уапсен сопственикот на Информер, Драган Ј. Вучиќевиќ
По наредба на Второто основно јавно обвинителство, Вучиќ објави во парламентот дека сопственикот на Информер е приведен.

Денеска во Белград е уапсен сопственикот на телевизијата Информер, Драган Ј. Вучиќевиќ, по наредба на Второто основно јавно обвинителство, информираа надлежните.
Обвиненија за предизвикување паника и попречување на правдата
Според известувањата на српските медиуми, обвинителството го поврзува приведувањето со наводно долгорочно предизвикување паника и нереди, како и со попречување на постапките на правдата.
Веста за апсењето ја соопшти во парламентот шефот на пратеничката група „Александар Вучиќ-Србија победува“, Александар Вучиќ.
„Сопственикот на Информер ТВ, Драган Ј. Вучиќевиќ, штотуку е уапсен – рече Вучиќ."
Пратениците од мнозинството ја поздравија информацијата со аплауз. За сега нема објавено дополнителни детали, а надлежните најавија дека повеќе информации ќе бидат соопштени подоцна.
Фото: прес-материјал од настанот


