Почетна
Магазин

УХМР најавува студени утра и можен снег кон крајот на неделата

УХМР прогнозира минусни утрински температури, интензивни врнежи во четврток и нов бран на заладување кој може да донесе снег.

·Магазин
УХМР најавува студени утра и можен снег кон крајот на неделата

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавува постудени утра со температури под нулата за утре и за среда, додека значителна промена на времето е предвидена кон крајот на неделата.

Интензивни врнежи во четврток и можен снег за викендот

Иако утрешниот ден ќе биде претежно сончев, УХМР соопштува дека од среда кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува и ќе има повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе се зајакнат во четврток, кога особено во западните делови може да наврнат над 30 литри дожд на квадратен метар.

По дождливиот четврток, се очекува нов бран на заладување за време на викендот. Поради падот на температурите, врнежите во тој период ќе бидат од дожд и снег и на некои места ќе донесат зимски услови.

Метеорологот Славчо Попоски на својот фејсбук профил објави дека зимата и снегот веќе пристигнале во Босна и Херцеговина, споделувајќи снимки од снежната идила на Влашиќ.

Според прогнозите на Попоски, поради продор на многу поладен воздух од север, утрото во вторник (24 ноември) во Македонија ќе биде многу поладно со појава на мразеви во најголем дел од земјата, а минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 3 степени. Во повисоките населени места, особено на планините над 1500/1600 метри, температурите може да паднат и до околу -10 степени, а над 2000 метри надморска височина температурите ќе се спуштат и под -10 степени.

Во Скопје и околината утрото на вторник (24 ноември) се очекува претежно ведро и многу поладно, со претежно слаб ветер или во главно тивки услови, и температури околу -2 степени. Преку денот времето ќе остане значително поладно и претежно сончево, со слаб до умерен северен ветер. Максималните температури во земјата на денот во вторник ќе се искачуваат само од 2 до 10 степени, а во Скопје до околу 7 степени.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи