УЈП предупредува: лажни SMS пораки за „даночен поврат“ — не кликaјте на линк
УЈП ги повикува граѓаните да ги игнорираат сомнителните пораки и да ги проверуваат податоците само преку официјалните канали.

Управата за јавни приходи (УЈП) ги предупредува граѓаните дека се испраќаат лажни SMS пораки во име на институцијата, во кои примателите се известуваат дека наводно нивниот „даночен поврат е подготвен“.
Во пораките е приложен линк преку кој може да биде побарано внесување лични, банкарски или други чувствителни податоци.
Што да направите
Не го отворајте линкот и не внесувајте лични или финансиски информации. Станува збор за пораки кои можат да претставуваат обид за измама и злоупотреба на податоците.
Граѓаните кои ќе добијат ваква SMS порака треба да ја игнорираат, а сите информации поврзани со УЈП да ги проверуваат исклучиво преку официјалните канали на институцијата – официјалната веб-страница, електронските услуги и официјално објавените контакт-адреси и телефонски броеви.
За дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на официјалната електронска адреса info@ujp.gov.mk, како и во Инфо центарот на телефонските броеви 0800 33 000 за повици од фиксни оператори и 02 3253 200.
УЈП уште еднаш предупредува: не кликaјте на линкови добиени преку сомнителни SMS пораки и во никој случај не споделувајте лични или банкарски податоци.
Фото: прес-материјал од настанот