Почетна
Македонија

Укината забраната за пиење вода во Струга

ЈП „Водовод и канализација“ соопшти дека четири последователни анализи покажале заматеност во границите на нормалата.

·Македонија
Укината забраната за пиење вода во Струга

Водата од градскиот водовод во Струга е чиста и безбедна за пиење, соопшти денеска ЈП „Водовод и канализација“.

Како што стои во соопштението на претпријатието, анализите на примероци на вода, кои беа испратени во ЈЗУ Центар за јавно здравје - Охрид, покажале дека нивото на заматеност е во границите на нормалата.

Резултати кои го укинаа забраната

„Ве известуваме дека според резултатите од анализите на примероците на вода, од ЈЗУ Центар за јавно здравје - Охрид, примени денеска е констатирано дека нивото на заматеност е во границите на нормалата. По повторувањето на ваквите резултати четврти пат по ред, се укинува забраната за користење на водата за пиење" - соопшти ЈП „Водовод и канализација“.

Забраната за пиење вода од градскиот водовод во Струга беше воведена на 16 ноември, откако беа забележани вредности на заматеност над 1,5 НТУ на мерните места во градот.

Во соопштението се нагласува дека избраните и повторени анализи покажале вредности во граници на нормалата, по што жителите можат повторно да ја користат чешмјаната вода за пиење.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи