Украина негира дека руските сили го зазеле градот Добропилија
Киев тврди дека неговите сили ги задржале позициите во Добропилија, по руските објави за заземање.

Генералштабот на Украина соопшти дека источниот град Добропилија останува под контрола на украинските сили, негирајќи ги руските тврдења дека градот е заземен.
Портпаролот Андриј Коваљов изјави дека Украина ги отфрла тврдењата на Москва дека руските сили, од 1 септември па наваму, го зазеле "повеќе од 1.800 квадратни километри украинска територија и 92 населени места."
Синоќа шефот на рускиот Генералштаб, генерал Валериј Герасимов, го информирал претседателот Владимир Путин дека Добропилија, која се наоѓа во регионот Доњецк југозападно од Славјанск и Краматорск, била освоена од руските сили.
Стратешко значење на Добропилија
Добропилија лежи на правецот на напредување кон Славјанск и Краматорск — двата последни поголеми града во регионот Доњецк што сè уште се под контрола на украинските сили — и поради тоа подолг период е изложена на постојани руски напади.
Министерот за одбрана на Русија, Андреј Белоусов, исто така соопшти дека руските сили ја зазелe Добропилија заедно со уште седум населени места во источна Украина. Рускиот Министерство за одбрана додаде дека во текот на изминатите 24 часа нивните сили извршиле напади врз објекти за складирање беспилотни летала и врз транспортната инфраструктура.
Фото: прес-материјал од настанот


