Украина со дронови напади врз Енгелс‑2, две рафинерии и магацин на „Вајлдберис“ во Русија
Утрово во бран дронски напади погодени беа авиобазата Енгелс‑2, рафинериите во Саратов и Уфа и магацин на „Вајлдберис“ во Самара; компанијата соопшти дека нема жртви и дека испораките се пренасочени.

Во бран напади со дронови изведени утрово, украинските сили го погодија воздухопловната базa Енгелс‑2, рафинериите во Саратов и Уфа, како и логистички објект на онлајн‑трговецот „Вајлдберис“ во регионот Самара.
Снимки и информации кои се појавија на социјалните мрежи наведуваат удари врз воената база и рафинериите, а нападот врз магацинот на „Вајлдберис“ предизвика видлив пожар кој се шири кон околината.
Голем пожар во магацинот на „Вајлдберис“
Видеоснимките кои се шират прикажуваат оган што го зафаќа големи делови од објектот и високи столбови црн чад кои се дигаат кон небото; според извештаите, противпожарните екипи интервенираа на место.
Од прес‑службата на рускиот онлајн трговец соопштија преку „Телеграм": "Во инцидентот нема пријавено жртви и дека нивните логистички синџири се веќе реорганизирани. Приемот и испораката на сите нарачки се пренасочени во други нивни капацитети."
Засега нема независна потврда за вкупната штета предизвикана на базата Енгелс‑2 и на рафинериите во Саратов и Уфа, а официјални информации од руските власти за овие локации се ограничени; известувачите го следат развојот на настаните.
Фото: Икс/принтскрин)