Почетна
Македонија

Уставниот суд ќе одлучува на 27 ноември за оспорените одредби од Законот за култура и Колективниот договор; СКРМ бара јавна расправа

Предметот против членот 78-љ од Законот за културата и Колективниот договор е ставен на дневен ред за петок, 27 ноември; СКРМ бара да ѝ биде овозможено да говори јавно.

·Македонија
Уставниот суд ќе одлучува на 27 ноември за оспорените одредби од Законот за култура и Колективниот договор; СКРМ бара јавна расправа

Уставниот суд соопшти дека предметот во кој се оспоруваат член 78-љ од Законот за културата и Колективниот договор за културата е ставен на дневен ред на седницата закажана за петок, 27 ноември, и моментално е во фаза на гласање.

Во соопштението од Уставниот суд се вели: "Уставниот суд, во врска со актуелните предмети за кои претстои донесување одлука, се воздржува од јавно коментирање на правните аргументи и од какво било прејудицирање на исходот од постапката. Во согласност со заложбите за транспарентност и отчетност, јавноста ќе биде навремено и целосно информирана за одлученото."

Судот апелира за независност; СКРМ бара јавна расправа

Од Судот апелираат до сите засегнати страни да ја почитуваат неговата уставно загарантирана независност и да овозможат процесот на одлучување да се одвива непречено, ослободен од каква било форма на притисок или влијание. Судот нагласува дека одлучува исклучиво врз основа на Уставот, независно од очекувањата, интересите или популарноста на темите во јавниот дискурс.

Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) денеска на прес‑конференција побара од Судот да го одложи донесувањето на одлуката за уставноста и законитоста на Колективниот договор за култура и на членот 78-љ од Законот за култура, сè додека синдикатот не добие можност јавно да ги презентира своите аргументи.

СКРМ информираа дека им е соопштено дека за 27 ноември е закажано одлучување по предметот, но дека, и покрај двете писмени барања, не добиле покана за присуство на седницата. Тие сметаат дека како потписници на Колективниот договор имаат непосреден правен интерес да учествуваат во постапката и бараат јавна расправа. Синдикатот предупредува дека евентуално укинување или поништување на договорот може да доведе до губење на веќе утврдените работнички права за илјадници вработени во културата и враќање на состојбите пред 2020 година.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи