Ван Гал ја критикува формата на Лигата на шампионите: „Курто и Мурто можат да играат“
Louis van Gaal вели дека Лигата на шампионите станува преголемо комерцијално натпреварување и дека послаби тимови ја намалуваат нејзината вредност.

Легендарниот холандски тренер Луј Ван Гал ја нападна актуелната форма на Лигата на шампионите, критикувајќи го натпреварувачкиот систем и повикувајќи се на тоа дека во турнирот веќе може да играат и «обични» тимови. „ Смешен формат. И “Курто и Мурто“ можат да играат во Лигата на шампионите денес“, рече многу јасно познатиот тренер во изјава за холандските медиуми.
Ван Гал додаде и остра критика кон УЕФА, обвинувајќи ја дека го ставила профитот пред фудбалот: „Уефа мисли само како да заработи пари. Тоа е корумпиран свет“, изјави тој.
Поголем број голови не значи повисок квалитет
Поранешниот тренер на Ајакс, Барселона, Баерн и Манчестер Јунајтед истакна дека не му се допаѓа трендот на целосно отворен фудбал и дека бројот на голови не е индикатор за квалитетот на натпреварите. „Се вика Лига на шампионите, нели? Тогаш треба да играат најдобрите. Не ако имате толку голема разлика во квалитетот. Тогаш би имало помалку голови, но натпреварите би биле од повисок стандард и би гледале подобар фудбал.“
Критиките на Ван Гал кон форматот на Лигата на шампионите не се нови. Тој ги искажа своите резерва уште во 1994 година, предупредувајќи на комерцијализацијата, а по 1997 година турнирот почна да им дава можност и на тимови што не биле национални прваци. Денес главниот проблем, според него, е присуството на тимови кои едноставно не се конкурентни на најдобрите.
Иако не ги именуваше конкретните клубови во врска со последната критика, неговите зборови ја нагласуваат дебатата околу формулата на натпреварувањето, спортската заслужност и балансот помеѓу заработката и квалитетот на теренот.
Фото: прес-материјал од настанот


