Вангелина Пармачка од Будинарци меѓу 100-те жени херои на ФАО
Ја претстави Македонија во Рим и заедно со семејството управува фарма со околу 600 овци и традиционално овчо сирење.

Вангелина Пармачка од беровското село Будинарци е вклучена меѓу „100 жени херои во агро-прехранбените системи и руралниот развој“ на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).
Таа ја претстави Македонија на Светскиот форум за храна во Рим, каде што доби признание во седиштето на ФАО.
Признание и настап во Рим
Списокот на ФАО ги издвојува жените чија работа ја јакне улогата на локалните прехранбени системи и рурален развој. Вклучувајќи ја Пармачка, меѓу избраните се земјоделки и производителки од различни земји признаени за својот придонес во одржливото земјоделство и за водечката улога во заедниците.
Во Будинарци, Вангелина заедно со своето семејство управува со фарма со околу 600 овци и произведува традиционално овчо сирење. Таа секојдневно е вклучена во грижата за животните, производството и во пласманот на производите.
Признанието го потенцира значењето на малите семејни фарми и улогата на жените производители во развојот на руралните средини и обезбедувањето храна во земјата.
Фото: ФАО)


