Почетна
Спорт

Варадиновски: Скопје има капацитет за многу повеќе

ФК Скопје со две победи го напушти дното на табелата и сега сака да врзе серија на бодови пред зимската пауза.

·Спорт
Варадиновски: Скопје има капацитет за многу повеќе

Екипата на ФК Скопје покажа јасни знаци на будење во финишот на есенската полусезона — две последователни победи кои го извадија тимот од дното на табелата.

Скопје во последните кола славеше против Арсими и Башкими, се искачи на десет бода и повеќе не е последен во прволигашкото плеј-оф издание.

Селекторот на тимот, Иван Варадиновски, го пофали искуството и квалитетот на играчите и рече:

Искуство и менталитет

„Уште од самиот мој почеток со работа на „Автокоманда“ и преземањето на Скопје како тим ми беше јасно следново. Дека екипата има огромно искуство, квалитет, капацитет едноставно. Ова се играчи што имаат многу мечеви како на домашна сцена, така и на интернационална, па дури и репрезенативна. Имаат капацитет за многу многу повеќе од оваа наша моментална ситуација. Истата верувам, убеден сум дека ќе биде уште подобра. До крајот на есенскиот дел сакаме да обезбедиме уште некој поситивен резултат, да „врземе“ серија на бодови. Истите ќе ни дадат уште поголема мотивација, сила, за напролет. Скопје има уште многу што да каже сезонава, верувајте“ — вели Иван Варадиновски, тренерот на ФК Скопје.

Тренерот наведе дека победите треба да послужат како поткрепа за продолжување на позитивниот тек: обезбедувањето уште неколку добри резултати пред зимската пауза ќе ја зголеми самодовербата пред пролетниот дел.

Како што се приближува крајот на есенската фаза, ФК Скопје ќе се обиде да ја задржи подигнатата форма и да влезе во продолжението од сезоната со појак мотив и појасни амбиции.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи