Почетна
Спорт

Вардар оди по реванш во Плоцк, Чупиќ порача: Мораме да бидеме подобри за да стигнеме до првите бодови!

По поразот од 32:26 во Скопје, тренерот Иван Чупиќ вели дека тимот мора да биде подобар во одбраната и нападот за да се бори за првите поени.

·Спорт
Вардар оди по реванш во Плоцк, Чупиќ порача: Мораме да бидеме подобри за да стигнеме до првите бодови!

Вардар во среда од 20:45 часот гостува кај Висла Плоцк во четвртото коло од ЕХФ Лигата на шампионите, со цел да одговори по поразот во првиот меѓусебен натпревар.

Актуелниот македонски првак, кој пред шест дена загуби на домашен терен со 32-26, замина во Плоцк со јасна намера да одигра подобар натпревар и да се избори за првите бодови во групната фаза.

Чупиќ бара подобрување и самодоверба

Тренерот Иван Чупиќ очекува напредок во двата правци и ги потсети играчите дека треба да ги поправат грешките од првиот дуел со полскиот тим.

„Секогаш кога ќе загубите натпревар, јасно е дека можете и морате да бидете подобри. Висла беше фаворит во Скопје, а ќе биде уште поголем фаворит кога ќе играме на нивниот терен. Не мислам дека пред нашите навивачи одигравме толку лошо како што можеби изгледаше поради доминацијата што ја покажа Висла. Го анализиравме натпреварот и сигурно има простор за подобрување во нашата игра, како во одбраната така и во нападот.

Верувам дека со добра енергија и поголема самодоверба можеме да одиграме силен и квалитетен натпревар. Сакаме повторно да се претставиме во позитивно светло во Лигата на шампионите. Во преостанатите три натпревари, исто како и во првите три, сакаме да бидеме конкурентни и да се бориме за нашите први бодови и првата победа. Сакаме и понатаму да имаме за што да играме и да продолжиме да напредуваме“, изјави Чупиќ пред мечот.

Вардар ќе се обиде тие зборови да ги преточи во резултат во Плоцк и да создаде база за преостанатите натпревари од групата.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи