Вардар посилен за Урош Митровиќ во Нант: Нема причина да не играме со 100 отсто!
По издржаната казна од четири натпревари, Урош Митровиќ се враќа во составот на Вардар 1961 за натпреварот во Нант.

Ракометарите на Вардар 1961 ќе патуваат во Нант со засилување – Урош Митровиќ е повторно на располагање на тимот за вечерашниот натпревар од групната фаза на ЕХФ Лигата на шампионите. Почетокот е закажан во 20:45.
Митровиќ: „Желбата остана иста, не исчезна“
Само неколку реченици по враќањето, Митровиќ ја опиша подготвеноста и очекувањата: „Желбата остана иста, не исчезна. Цело време се подготвував за овие натпревари во Лигата на шампионите и ја чекав својата шанса. Конечно, по месец и половина, ми истече казната од четири натпревари и сега можам да играм и да му помогнам на тимот.“
Тој додаде дека можеби отсуството на притисок е олеснителна околност, но дека тоа нема да влијае на заложбите на екипата. „Не знам дали тоа што немаме притисок може да биде олеснителна околност, но секако ќе играме до крајот и ќе го дадеме максимумот. Иако немаме шанси да ја минеме групата и ќе го продолжиме натпреварувањето во Европската лига, каде што игравме и минатата сезона, нема причина да не играме со 100 отсто од можностите и да не ја бараме победата“, изјави Митровиќ.
Казната од четири натпревари произлезе по инцидентот со Валентин Порто во последниот дуел од минатата сезона во ЕХФ Европската лига против Монпелје. По издржаната суспензија, Митровиќ повторно е дел од играчкиот ростер.
Вардар веќе ги загуби шансите за пласман во следната рунда во Лигата на шампионите и ќе го продолжи својот европски настап во Европската лига, но сепак ги бара позитивните резултати и против Нант.
Фото: прес-материјал од настанот


