Почетна
Спорт

Вардар соопшти кој може да го следи дуелот со Алкалоид!

Натпреварот од 10. коло во Суперлигата ќе се игра во мала сала поради зафатеност на другите спортски објекти; капацитетот е ограничен.

·Спорт
Вардар соопшти кој може да го следи дуелот со Алкалоид!

Ракометниот дуел помеѓу Вардар и градскиот ривал Алкалоид ќе се игра на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 18,30 часот, а домаќин е Вардар во СЦ „Јане Сандански“ во малата сала.

Ограничен капацитет и приоритет за сезонски картички

„Причината за оваа промена е зафатеноста на другите соодветни спортски објекти во Скопје. Во големата сала во СЦ „Јане Сандански“ ќе се одржува турнир во кикбокс, СЦ „Борис Трајковски“ е зафатен поради Саемот на книгата, додека во салата „Расадник“ ќе се одржува боксерски турнир."

Клубот наведува дека вложил максимални напори да обезбеди соодветна сала и термин за одигрување на мечот. Како опција била понудена и игра два дена по завршувањето на колото, но поради густата натпреварувачка програма на противникот тоа не било можно.

Поради ограничениот капацитет на малата сала, натпреварот од 10. коло во Суперлигата ќе може да го следат само сопствениците на сезонски билети со пластична сезонска картичка, како и членовите на навивачката група „Комити“.

"Свесни сме дека голем број наши навивачи сакаа да бидат дел од овој натпревар и да му дадат поддршка на тимот од трибините. Искрено жалиме што овојпат нема да бидеме во можност да ги пречекаме сите заинтересирани. Им благодариме на навивачите за разбирањето и за постојаната поддршка. Се надеваме дека во иднина нема повторно да се соочиме со ваква ситуација и дека следните натпревари ќе ги играме пред сите вардарци кои сакаат да бидат со својот клуб", велат од таборот на актуелниот македонски првак.

Фото: РК Вардар

Поврзани написи