Почетна
Спорт

Васоски: Победа против Вардар ќе значи многу за Силекс!

Тренерот Александар Васоски смета дека триумф во Кратово на 07.11.2026 ќе даде важен импулс за продолжението од сезоната.

·Спорт
Васоски: Победа против Вардар ќе значи многу за Силекс!

На 07.11.2026 во 13:00 часот на стадионот во Кратово, во натпревар од 13. коло на Првата лига, домашниот Силекс ќе го пречека Вардар — средба која има големо значење особено за составот на кратовци.

Со евентуална победа и три бода, Силекс би се доближил до водечките екипи на табелата и би добил позитивен импулс по серијата лоши резултати.

Александар Васоски, тренер на Силекс и некогашен стратег на Вардар, во пресрет на дуелот ги изложи очекувањата и мотивите на својот тим.

Васоски: Победа може да биде пресвртница

“ Респект за Вардар, респект за шампионот, сепак ние си имаме свои планови и свои амбиции. Се надевам на добар натпревар на Силекс, секако и на победа кој би значела во некоја рака и пресвртница за нас во првенството. После таа лоша серија, во која не игравме лошо туку проблем беше реализацијta, дојдоа добрите резултати и одлично за нас ќе биде и со победа против Вардар да ја пречекаме паузата” — посочи Васоски.

“ Се надевам дека теренот ќе биде добар за една добра фудбалска претстава, го зачувавме колку што можевме. Се надевам и на добро судење, а мотиви имаме и тоа како. Мораме да покажеме дека овој Силекс заслужува и оваа сезона во најмала рака да се бори за излез во Европа. Како и да биде нема денешниот меч ништо да реши, има уште многу да се игра, но како што реков може за нас да биде пресвртница” — додаде стратегот на кратовци.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи