Почетна
Спорт

Велковски и Јанковиќ победници на 47. „Илинденски куп“

Никола Велковски и Сара Јанковиќ триумфираа во возрасните категории на 47. „Илинденски куп“ во Охрид.

·Спорт
Велковски и Јанковиќ победници на 47. „Илинденски куп“

На 2 август 2026 година во Охрид се одржа 47. издание на малата пливачка маратонина „Илинденски куп“, на која учествуваа вкупно 83 пливачи од Македонија и странство, поделени во две возрасни категории: 8–15 години и 16 години и постари.

Во конкуренцијата на пливачи од 16 години и повеќе, најбрз беше 16-годишниот Никола Велковски од ПК „Вардар 2018“ со време 27:56.53. На второто место се пласира неговиот клупски колега Андреј Мишевски (17) со 31:56.10, додека третото место го освои Арнд Бранденбурд (63) од Германија со 33:24.11.

Во женска конкуренција кај повозрасните триумфираше 18-годишната Сара Јанковиќ од ПК „Скопје“ со време 31:48.15. Росана Гошева (19), исто така од ПК „Скопје“, заврши втора со 33:28.13, а Анастасија Цветановска (16) од ПК „Акваспирит“ – Охрид зае третото место со 33:57.12.

Резултати кај помладите

Во конкуренцијата на пливачи од 8 до 15 години, во машка конкуренција прв беше 14-годишниот Влатко Цеков од ПК „Вардар 2018“ со време 30:11.42. Следуваа Дамјан Сековски (14) од ПК „Орион“ – Скопје со 31:29.00 и Стефан Неделковски (14) од ПК „Скопје“ со 31:53.10.

Кај девојчињата во истата возрасна група најуспешна беше 15-годишната Георгина Ставреска од ПК „Вардар 2018“ со 33:02.00. Второто место го освои Девран Куртис (13) од ПК „Три дисциплини“ – Струга со 35:11.00, а третата пласирана беше 14-годишната Матеа Јанкоска од ПК „Скопје“ со 35:18.00.

47. „Илинденски куп“ уште еднаш го потврди својот статус како регионална отворена трка која собира и помлади таленти и постојани натпреварувачи, со учество на пливачи од домашни клубови и тимови од странство.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи