ВЕРО Центар ја слави традицијата со манифестацијата „Домашно со љубов“
Од 16 до 18 октомври, секој ден од 10 до 16 часот, базар, дегустации и меѓугенерациски работилници во ВЕРО Центар.

Скопје, 17 октомври 2026 — ВЕРО Центар од 16 до 18 октомври ги отвора вратите за манифестацијата „Домашно со љубов“, тридневен настан посветен на домашните вкусови, традиционалните ракотворби и пренесувањето на знаењата од генерација на генерација. Настанот е отворен секој ден од 10 до 16 часот.
Во рамките на програмата посетителите ќе најдат базар со рачни изработки и домашни производи, дегустации на храна и можност да купат предмети и артикли кои потсетуваат на домашната трпеза и семејните обичаи.
Меѓугенерациска размена како централна точка
Посебен дел од програмата е посветен на меѓугенерациското дружење: Дневниот престој за стари лица за активно стареење при Црвен крст на град Скопје ќе реализира креативна работилница за изработка на предмети од глина и плетење. Повозрасните ќе ги споделат своите вештини, техники и животни искуства со најмладите посетители.
На настанот ќе учествуваат и повеќе познати компании и брендови кои ќе ја збогатат понудата: Жито Лукс, Мамас, Подравка, Алкалоид, Виталиа, Монтенегро и Бучен Козјак.
„Со „Домашно со љубов“ сакаме ВЕРО Центар да биде место каде традицијата не само што се памети, туку и се доживува и споделува. Домашните вкусови, рачните изработки и знаењата на повозрасните генерации се важен дел од нашето наследство. Особено ни е драго што преку овој настан создаваме простор тие вредности да им се пренесат и на најмладите“, велат од ВЕРО Центар.
Манифестацијата е отворена за сите посетители. ВЕРО Центар ги поканува граѓаните денес и утре, 17 и 18 октомври, од 10 до 16 часот да уживаат во домашните вкусови, дегустациите, креативноста и дружењето.
Фото: прес-материјал од настанот


