Почетна
Магазин

Весна Змијанац во автобиографијата: Ги изгубив двата сина

Фолк-ѕвездата опишува како во 1986. и 1987. година, во седмиот месец од бременоста, ги изгубила двата сина зад бината.

·Магазин
Весна Змијанац во автобиографијата: Ги изгубив двата сина

Фолк-ѕвездата Весна Змијанац во својата автобиографска книга „Кога ќе замирисаат јоргованите“ ги открива најтешките моменти од својот живот — во временски близок период, додека беше на врвот на популарноста во поранешна Југославија, изгуби два сина.

Таа опишува како првиот губиток ѝ дошол ненадејно и болновито. „Ми беше судено во времето на мојата најголема слава да ги спознаам и најголемите духовни маки… Нашето прво дете, синот, Владо Јовановиќ и јас го изгубивме во 1986 година, кога бев во седмиот месец од бременоста. Спонтан абортус се случи во паузата од концертот во Младеновац“, откри пејачката.

Весна раскажува дека предвременото породување почнало зад сцената и траело и додека патувале до болницата. „И не замерувајте ми што таа сцена на породувањето, кое ненадејно и предвреме започна и фактички се случуваше во гардеробата зад бината во салата во Младеновац, а траеше и во текот на патот до Белград, па и неколку минути во болницата, не можам да ја опишам ниту денес… Затоа што тоа е една од оние болки кои сè уште болат, празнина која сè уште зјае со истата темнина, и кога и да се сетам на тоа, секогаш ми се грчи утробата“, пишува таа во книгата.

Повторна трагедија

Неполна година подоцна следела речиси идентична загуба. „Владовото и мое второ несудено дете, исто така син, и исто така во седмиот месец од бременоста, го изгубив под приближно исти околности во 1987 година. Се прашував и тогаш, и сè уште понекогаш се прашувам – со што заслужив да ми се случи тоа што ми се случи?“, раскажа таа.

Пејачката опишува долги психички испитувања и чувство на вина. „Ги собирав (и сè уште ги собирам) сите мои грешки и гревови… Мислам дека доволно платив и дека со мојата мака одговорив на сите оние некогашни прашања. Доволно платив. Мислам, поточно, дека прескапо платив. Дека преплатив“, пишува Весна во мемоарите.

Пресвртот дојде во 1989 година: таа година ја обележи излезот на познатиот албум со песната чието име го носи книгата, а во октомври 1989 година таа се оствари како мајка со раѓањето на ќерката Николија.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи