Видеолотарија Касинос Австрија донира 4.350.000 денари за игралиште во Куклиш
Во Куклиш, Општина Струмица, е отворено ново мултифункционално игралиште финансирано со донација од 4.350.000 денари.

Со донација во висина од 4.350.000 денари, Видеолотарија Касинос Австрија денеска го отвори новото мултифункционално спортско игралиште во населбата Куклиш, Општина Струмица. Официјалното пуштање во употреба се одржа на 25.11.2026.
Игралиштето е наменето пред сè за децата и младите од Куклиш и околните населби и нуди современа површина погодна за различни тимски спортови, рекреација и дружење.
Придобивки за локалната заедница
„ Веруваме дека вложувањето во спортот е вложување во здрави генерации, во заедништво и во можности за секое дете. Едно спортско игралиште не е само уреден простор , тоа е место каде што се создаваат пријателства, се учи тимската работа, се развиваат талентите и се градат здрави навики. Затоа ни е особено драго што со оваа донација придонесуваме децата и младите од Куклиш да добијат простор во кој ќе можат да спортуваат, да растат и да ги остваруваат своите потенцијали", истакна Вики Чадиковска, маркетинг директорка на Видеолотарија Касинос Австрија.
На настанот градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, го потенцираше значењето на ваквите приватни иницијативи за подобрување на условите за спорт и рекреација во локалната заедница.
Видеолотарија Касинос Австрија ја потврди својата заложба дека ќе продолжи да поддржува проекти од јавен интерес, со посебен фокус на децата, младите и развојот на општините.
Фото: прес-материјал од настанот


