Видеолотарија Касинос Австрија повторно партнер на Меморијалниот турнир „Оливер Соколов – Сокол"
Видеолотарија Касинос Австрија е повторен партнер на меморијалниот турнир што почна на 1 септември.

Во тек е 22-рото издание на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол", кој повторно ги собира љубителите на фудбалот, младите спортисти и локалната заедница.
Турнирот традиционално започна на 1 септември на игралиштето „Сокол". И оваа година Видеолотарија Касинос Австрија обезбеди поддршка за натпреварувањето, со што ја продолжи својата улога на партнер.
Поттик за младите и за продолжување на традицијата
Организаторите велат дека ваквите партнерства им овозможуваат да ја зачуваат континуитетот на турнирот и да создадат позитивни услови за младите играчи да се вклучат во спортски активности.
„ Огромна благодарност до Видеолотарија Касинос Австрија за довербата, континуитетот и силната поддршка. Поддршката од компании кои препознаваат колку спортот значи за младите и за заедницата е исклучително важна за турнирот да продолжи да расте и да ја гради својата традиција," истакнуваат организаторите.
За Видеолотарија Касинос Австрија, партнерството е дел од стратегијата за општествена одговорност и постојана поддршка на спортот, со цел да им се обезбедат подобри услови на младите и да се негуваат спортските вредности.
Фото: прес-материјал од настанот


