Почетна
Македонија

Виктор Петков ја напушти ЗНАМ и се приклучи на СДСМ

СДСМ објави вчеравечер дека претседателот на ОО на ЗНАМ во Кисела Вода се приклучил на СДСМ и го обвини лидерот на ЗНАМ за предавање на ветувањата.

·Македонија
Виктор Петков ја напушти ЗНАМ и се приклучи на СДСМ

Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) вчеравечер соопшти дека претседателот на Општинската организација на Движењето ЗНАМ во Кисела Вода, Виктор Петков, ја напуштил партијата и се приклучил на СДСМ.

Од СДСМ проценуваат дека тоа е знак дека луѓето се враќаат кон нив, бидејќи „препознале дека се единствена неконтролирана опозиција“, и потсетуваат дека вратите на Социјалдемократскиот сојуз остануваат отворени за нови членови.

Обвинувања кон раководството на ЗНАМ

Во соопштението СДСМ го обвини лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, дека ги изневерил ветувањата кон гласачите, ја злоупотребил партијата за лични бизнис интереси и ја предал својата партија и своите гласачи.

„Слични лаги сега слушаме за Платформата ЗНАМ 2.0. ЗНАМ беше сателит на Мицкоски за ситнење на опозицијата и сега полека се гаси. Си заминаа пратеници, советници, си заминуваат и луѓето што ги водеа општинските организации. Продолжуваме заедно да се бориме против криминалот на власта, за подобар живот на граѓаните“, велат од СДСМ.

Во постот објавен на социјалните мрежи е прикажана и фотографија на која се гледаат претседателот на ОО на ЗНАМ во Кисела Вода, Виктор Петков, и лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи