Почетна
Македонија

„Визер“ први по патници на Скопскиот и Охридскиот аеродром

Во првите девет месеци од годината „Визер“ превезувал најмногу патници на скопскиот и охридскиот аеродром.

·Македонија
„Визер“ први по патници на Скопскиот и Охридскиот аеродром

Податоците на ТАВ Македонија покажуваат дека унгарската нискобуџетна компанија „Визер“ ја превезувала најголемата дел од патниците на македонските аеродроми во првите девет месеци од годината: 63,8% на Аеродромот Скопје и 70% на аеродромот во Охрид.

Доминација на нискобуџетните превозници

Од јануари до септември, Меѓународниот аеродром Скопје опслужил 3.065.692 патници, што претставува раст од 29,07% во споредба со истиот период лани. Од вкупниот број патници, 63,8% ја користеле услугата на „Визер“.

На второ место во распределбата на превезени патници на скопскиот аеродром е турската нискобуџетна компанија „Пегасус ерлајнс“ со удел од 9,4%, по што следат „Туркиш ерлајнс“ со 4,6%, нејзината нискобуџетна подружница „Аџет ерлајнс“ со 3,5% и австриската „Аустриан“ со 3,4%.

Во Охрид уделот на „Визер“ е уште повисок. Од вкупно 265.993 патници кои во првите девет месеци го користеле аеродромот „Свети Апостол Павле“, 70% биле превезени со унгарскиот превозник.

Овие бројки ја нагласуваат зависноста на домашниот воздушен сообраќај од нискобуџетните линии, при што „Визер“ има доминантна позиција во периодот јануари–септември.

Фото: СДК.МК)

Поврзани написи