Почетна
Македонија

Влада одобри ново задолжување од 1,3 милијарди евра

СДСМ тврди дека за две години Мицкоски ја задолжил земјата за 4 милијарди евра; јавниот долг е 10,7 милијарди евра (58,8% од БДП).

·Македонија
Влада одобри ново задолжување од 1,3 милијарди евра

Владата на седница го одобри новото задолжување од 1,3 милијарди евра, а опозициската партија СДСМ обвини дека премиерот Христијан Мицкоски за две години ја задолжил државата за вкупно 4 милијарди евра.

Бројки и ризици

Јавниот долг на земјата, според официјалните податоци, изнесува 10,7 милијарди евра, што е 58,8 проценти од БДП. Во оваа сума не се вброени речиси 700 милиони евра неплатени обврски на јавните институции; кога и тие ќе се земат предвид, пошироката слика за задолженоста ја надминува психолошката граница од 60 проценти од БДП.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата во овој период се задолжува за да врати стари долгови и дека очекува растот на БДП да продолжи и да изнесува помеѓу 3.5 и 4 отсто.

„Постојаното задолжување на државата со изговор дека се враќаат стари долгови е класична демагогија која скапо ја плаќаат гражаните“ вели универзитетскиот професор Ванчо Узунов.

Узунов додава дека за стабилна држава се потребни инвестиции во образование и здравство, и дека по воспоставувањето на тие основи останатите економски ефекти ќе следат сами по себе.

Пратениците неодамна изгласаа потребата за носење на предлог-закон за пријавување и проверка на странските директни инвестиции.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи