Влен: Кој обвинител му нудел спогодба на Груби?
По првото рочиште за случајот „Државна лотарија“, Влен тврди дека имало обиди за преговарање на спогодба со Обвинителството.

Од Влен велат дека по вчерашното одржување на првото судско рочиште против поранешниот прв вицепремиер Артан Груби се отвораат прашања дали предметот „Државна лотарија“ се обидува да се затвори преку спогодба.
Груби и уште шестмина седнаа на обвинителна клупа за злоупотреби поврзани со Државната лотарија тешки 8,2 милиони евра; Обвинителството најави дека ќе презентира 231 материјален доказ и ќе повика седум сведоци. На рочиштето не беше присутен поранешниот директор Прпарим Бајрами, за кој е наведено дека е во бегство.
Повикувајќи се на свои извори, Влен тврди дека Груби бил убедуван да прифати спогодба со Обвинителството — односно да ја признае вината за да добие далеку поповолна санкција — но со тоа да се откаже од намерата да ја превземе раководната функција во Демократската унија за интеграција (ДУИ).
„Али Ахмети проценил дека судењето е многу ризично, бидејќи темераментот на Груби е таков што тој може преку медиумите да го разјадува рејтнгот на ДУИ. Гриби веќе имал договорени интервјуа бидејќи бил уверуван дека нема да има обвинение, па потоа непријатно се изненадил. Продолжувањето на мерката куќен притвот е дополнителен притисок за да направи спогодба пред судењето да почне“, се вели во партиското соопштение.
Од Влен дополнително нотираат дека адвокатите на повеќето обвинети се „правосудните играчи од времето на Груевски и Мијалков“ и додаваат: „Ова е серионзен сигнал дека во ДУИ се спушти гардот и се игра со сите оружја“.
Кои се обвинетите
Освен Артан Груби, во случајот се обвинети поранешниот генерален секретар на Владата Методија Димовски и поранешни членови на надзорниот одбор на Државна лотарија: Скендер Мехмети, Бојан Манев, Фатмир Рамадановски, Александар Димитриовски и Башким Авди. На рочиштето не беше присутен ексдиректорот Прпарим Бајрами.
Почетокот на главната расправа беше одложен откако адвокатот на обвинетиот Бојан Јанев побара увид во предметот за да ја подготви одбраната. Влен прашува зошто не е обезбедено присуство на првиот соработник на Груби, Прпарим Бајрами, и дали преквалификацијата на делото не праќа уште една порака од Али Ахмети до сите „матни игри“. Партијата исто така посочува дека потпретседателот Бијар Османи не бил задоволен поради начинот на брифирањата и предупредува дека за, како што велат, мафијашкото политбиро во ДУИ допрва следуваат тешки денови.
Фото: прес-материјал од настанот