Почетна
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ја повикува Јавното обвинителство да го повика Венко Филипче

Партијата бара докази да се достават до обвинителството по обвинувањата за поскап договор за хеликоптери во периодот на Славјанка Петровска.

·Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ја повикува Јавното обвинителство да го повика Венко Филипче

ВМРО-ДПМНЕ ја повика Јавното обвинителство да го повика на информативен разговор лидерот на СДСМ, Венко Филипче, поради неговите обвинувања за наводен скандал вреден 37 милиони евра поврзан со периодот кога Славјанка Петровска беше министерка за одбрана.

Од владејачката партија побараа Филипче да ги достави до обвинителството сите докази што ги има или да објасни зошто не ги пријавил порано. „Ако располагал со вакви информации, зошто не ги доставил до надлежните институции? Дали станува збор за сознанија што ги имал и претходно, или за тема ги отвори дури откако започна политички судир со Петровска?“ се вели во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека овие наводи не смеат да останат на ниво на меѓусебни обвинувања меѓу Филипче и членови на платформата „Разговори за иднината 12:05“, туку дека доколку постојат докази тие треба да се достават до Јавното обвинителство.

„Филипче треба да знае дека непријавување кривично дело или сторител е казниво согласно член 364 од Кривичниот законик (КЗ) и за тој што свесно ќе пропушти да пријави кривично дело“, велат од партијата.

Барање до Обвинителството

ВМРО-ДПМНЕ посочи дека, откако лидерот на СДСМ јавно обвини дека поранешната министeрка за одбрана Славјанка Петровска потпишала договор за хеликоптери што е поскап за 37 милиони евра, обвинителството треба да го повика Филипче на информативен разговор и да ги објави сите информации што тој ги поседува во врска со случајот.

Филипче, во повеќе настапи вклучително и во емисијата „Директно“ на ТВ Телма, рече дека го цитирал министерот за одбрана Владо Мисајловски, објавувајќи дека откако комисијата за набавка ја избрала поевтината понуда, Петровска потпишала за 37 милиони евра поскап договор. Тој додаде дека тоа отвора сомнеж дека можеби Петровска „се штити од нешто“.

Фото: Принтскрин

Поврзани написи