Почетна
Македонија

ВМРО‑ДПМНЕ бара од Обвинителството да истражи зошто биле исплатени 4,6 милиони евра во провизии за Коридор 8

Партијата тврди дека ревизорите утврдиле неефикасно управување и дека постои ризик од губење 61 милион евра за третата фаза.

·Македонија
ВМРО‑ДПМНЕ бара од Обвинителството да истражи зошто биле исплатени 4,6 милиони евра во провизии за Коридор 8

ВМРО‑ДПМНЕ побара од Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага откако, како што велат, во извештајот на Државниот завод за ревизија е утврдено дека државата исплатила 4,6 милиони евра провизии за средства кои не биле повлечени, додека проектот за железничкиот Коридор 8 останува незавршен.

Партијата укажува и на ризик од губење европски средства

Од ВМРО‑ДПМНЕ посочуваат дека ДЗР констатирал неефикасно управување и дополнително предупредил на сериозен ризик од губење 61 милион евра европски грант за третата фаза на Коридорот 8 поради нереализираната железничка инфраструктура.

Според партијата, ревизорите утврдиле дека првата и втората фаза од железницата воопшто не се завршени и дека роковите се целосно пробиени, поради што наместо модерна инфраструктура граѓаните добиле само милионски трошоци и нови државни долгови.

„ДЗР констатирал неефикасно управување, a дополнително предупредил и ризик од губење на 61 милион евра европски грант за третата фаза на железничкиот Коридор 8. Кој е одговорен за овие пропусти? Кој дозволил државата да плаќа милиони евра провизии? И кој ќе одговара ако со нечие постапување или непостапување е нанесена штета на државниот буџет?“ прашуваат од партијата.

Затоа, ВМРО‑ДПМНЕ бара од Јавното обвинителство детално да ги испита сите донесени одлуки, потпишани договори и спроведени постапки, да ги лоцира одговорните лица и да утврди дали постои основа за кривична одговорност.

„СДС и ДУИ не можат да се кријат и да молчат додека граѓаните ја плаќаат сметката за нивното катастрофално владеење во минатото. 4,6 милиони евра провизии, години доцнење незавршена железница и ризик за европски средства. Тоа е наследството од СДС и ДУИ“, заклучуваат од ВМРО‑ДПМНЕ.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи