Во продажба билетите за натпреварот Македонија – Луксембург
Машката репрезентација ќе го отвори квалификацискиот циклус за ЕХФ ЕУРО 2028 на 4 ноември 2026 во Скопје.

Билетите за натпреварот меѓу Македонија и Луксембург, со кој македонската машка ракометна репрезентација го отпочнува квалификацискиот циклус за ЕХФ ЕУРО 2028, се веќе пуштени во продажба.
Натпреварот е закажан за 4 ноември 2026 (среда), со почеток во 19:00 часот, во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.
Каде и како да се купат билети
Навивачите може да ги набават билетите онлајн преку платформата МкТикетс. Домаќинството ќе им овозможи на македонските ракометари да го отворат новиот квалификациски циклус пред својата публика.
Се очекува силна поддршка од трибините која ќе ја мотивира екипата за успешен старт на квалификациите.
Да ја обоиме салата во црвено-жолто! Сите за Македонија!
Фото: прес-материјал од настанот


