Почетна
Македонија

Во Штип засилено ќе се работи на спречување на врсничкото насилство во основното и средното образование, со фокус на сајбер насилството

Работилници, дежурства во ходниците и засилена работа на педагошките служби ќе бидат во фокусот од 1 септември.

·Македонија
Во Штип засилено ќе се работи на спречување на врсничкото насилство во основното и средното образование, со фокус на сајбер насилството

Во општина Штип најавуваат повеќе работилници за учениците и наставниот кадар на тема врсничко насилство во новата учебна година, која стартува од 1 септември.

Минатата година општинските училишта воведоа дежурства на наставниот кадар за време на училишните одмори, а превенцијата беше засилена и со постојани разговори и активности на педагошките служби со учениците и наставниот кадар.

Фокус на сајбер насилството

Експертите истакнуваат дека едно од најопасните форми на насилство меѓу учениците е сајбер насилството. Анализите покажуваат дека во изминатиот период насилството на социјалните мрежи е зголемено за повеќе од 30%.

Девојчињата најчесто се соочуваат со ширење на лажни информации, закани и злоупотреба на личните податоци, посочуваат надлежните.

Секое десетто дете на возраст од 12 до 17 години било изложено на сексуална експлоатација и злоупотреба преку интернет покажа и извештајот „Спречување на штета во Македонија”, изработен од УНИЦЕФ, ЕКПАТ и Интерпол, во соработка со Владата.

„ Се воведоа дежурства во ходниците за време на одморите , така што учениците постојано се под контрола. Исто така педагошките служби ги интензивираат своите работи, постојано работат со учениците. Освен на учениците, даваат поддршка на наставниот кадар, но и на родителите „ -вели Снежана Санева од општина Штип.

Автор: Викторија Јованова

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи