Почетна
Македонија

Водовод апелира: не фрлајте марамчиња, пелени и влошки во тоалетот

Претпријатието вели дека екипите секојдневно отстрануваат влажни марамчиња, пелени и хигиенски производи од канализацијата и повикува на правилно одлагање.

·Македонија
Водовод апелира: не фрлајте марамчиња, пелени и влошки во тоалетот

ЈП „Водовод и канализација“ од Скопје соопшти дека секојдневно од канализациската мрежа се отстрануваат влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки и друг несоодветен отпад.

„Екипите на претпријатието редовно интервенираат на терен поради затнувања предизвикани од отпад што не треба да завршува во канализацијата. Фрлањето вакви материјали во канализацијата предизвикува затнување на цевките и шахтите, го отежнува протокот и го нарушува нормалното функционирање на системот“, соопшти скопски „Водовод“.

Апел до граѓаните

Во апелот претпријатието ги повикува граѓаните да не фрлаат влажни марамчиња, пелени, хигиенски производи и други отпадоци во тоалетите и канализациските шахти, туку да ги одлагаат во корпите за отпадоци.

„Не фрлајте отпад во канализациските шахти! Влажните марамчиња, пелените, хигиенските производи и останатиот отпад одлагајте ги во корпите за отпадоци. Чувањето на канализациската мрежа е заедничка одговорност“, се вели во апелот на скопски „Водовод“.

Од ЈП посочуваат дека правилното одлагање на отпадот е важно за да се спречат затнувања и дефекти и да се обезбеди непречено функционирање на системот.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи