Почетна
Свет

„Војаџер 1“ првото вселенско летало кое поминало еден светлосен ден од Земјата

Според пресметките на НАСА, сонда од 1977 година го помина растојанието од еден светлосен ден — околу 26 милијарди километри.

·Свет
„Војаџер 1“ првото вселенско летало кое поминало еден светлосен ден од Земјата

Според напредни пресметки на НАСА, сондата „Војаџер 1“ ја преминала дистанцата позната како еден светлосен ден од Земјата — растојание што светлината го поминува за 24 часа — и сега се наоѓа на најголемата оддалеченост меѓу човечките направи од нашата планета.

Роботската сонда, лансирана во 1977 година, се движи низ меѓуѕвездениот простор. Според оценките, еден светлосен ден изнесува околу 26 милијарди километри, и „Војаџер 1“ го надминал тој праг.

За потврда ќе се чека сигнал

Поради ограничувањата на брзината на светлината, инженерите во лабораторијата на НАСА во Калифорнија ќе мора да почекаат околу еден ден за да добијат радиосигнал од сондата што директно би ја потврдил оваа пресметка. До пристигнувањето на тој сигнал, пресметките за траекторијата и времето ја поддржуваат проценката.

„Достигнувањето на еден светлосен ден е неверојатен подвиг, нешто што никогаш не очекував да го видам“, рече раководителката на проектот „Војаџер“, Сузан Дод.

Овој јубилеј дополнително ја истакнува долготрајната виталност на мисијата Војаџер и важноста од прецизни навигациски и временски пресметки за следење на вселенските летала кои веќе оперираат во реткиот простор меѓу ѕвездите.

Фото: АП)

Поврзани написи