Почетна
Македонија

Вонредна дезинсекција во Драчево — денеска против ларви, во петок против возрасни комарци

Екипи денеска третираат ларвни легла; во петок ќе се прска против возрасни комарци.

·Македонија
Вонредна дезинсекција во Драчево — денеска против ларви, во петок против возрасни комарци

Центарот за јавно здравје, во соработка со Општина Кисела Вода, денеска (12 август 2026) спроведува вонредна акција за дезинсекција во населбата Драчево, со цел да се спречи масовно размножување на комарците и да се заштитат граѓаните.

Специјализираните теренски екипи денеска се фокусираат на сузбивање на ларвите и вршат прскање со соодветен ларвицид во критичните точки: канали, застоени води и други влажни места каде што се собира вода и каде што се создаваат услови за развој на инсектите.

Во петок — против возрасни комарци

Општинските служби информираат дека акцијата ќе продолжи во петок (14 август 2026) со теренско прскање против возрасни комарци на територијата на овој дел од Општина Кисела Вода. Методот со две фази — прво ларвицид, потоа третман против возрасни — ја зголемува ефикасноста при намалување на бројот на инсекти.

Дополнително е соопштено дека е прогласена епидемија на западнонилска треска во повеќе скопски општини, што ја прави оваа вонредна интервенција итна и оправдана од јавен здравствен аспект.

Општината ги потсетува пчеларите да ги превземат потребните мерки за заштита на своите пчелни семејства пред најавеното прскање против возрасни комарци, како и дека граѓаните да ги отстранат потенцијалните легла на застоена вода и да ги следат упатствата од здравствените екипи.

Фото: Општина Кисела Вода

Поврзани написи