Почетна
Македонија

Вонредна дезинсекција во Драчево поради случаи на западнонилска треска

Денеска акција против ларви, во петок теренски третман против возрасни комарци — центарот и општината апелираат до граѓаните и пчеларите.

·Македонија
Вонредна дезинсекција во Драчево поради случаи на западнонилска треска

Центарот за јавно здравје, во соработка со Општина Кисела Вода, денеска спроведува вонредна акција за дезинсекција на подрачјето на населбата Драчево со цел ефикасна заштита на граѓаните од комарци и спречување на нивно масовно размножување.

Специјализираните екипи на терен вршат прскање со соодветен ларвицид во сите критични точки — канали, застоени води и влажни места каде што се собира вода и постојат услови за развој на овие инсекти. За целосно да се намали бројот на инсекти, во петок ќе се изврши теренско прскање против возрасни комарци на територијата на овој дел од општината.

Најголем број од заболените од западнонилска треска се од Драчево.

Апел од епидемиолозите

Епидемиолозите апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките за лична заштита: да избегнуваат излегување надвор кога комарците се најактивни, да користат репеленти и при појава на првите евентуални симптоми веднаш да се јават на лекар.

Општина Кисела Вода ги потсетува пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на своите пчелни семејства поради најавеното прскање против возрасни комарци кое ќе се реализира во петок.

Половина од заболените од западнонилска треска се од Драчево.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи