Воспитно-поправен дом за четирите малолетнички што тепаа 13-годишна во Ѓорче Петров
Две девојчиња добија една година, две добија осум месеци; постапката е водена по Законот за правда за децата.

Кривичниот суд донесе мерки за упатување во воспитно-поправен дом за четирите малолетнички обвинети за претепување на 13-годишно девојче во скопската општина Ѓорче Петров. Две од девојките добија мерка од една година, а другите две од осум месеци. Одлуката на судот не е правосилна.
„За предметот со насилство врз малолетничка од Ѓорче Петров со оглед дека се работи за малолетни деца и потапката е тајна може да потврдиме дека случајот е првостепено завршен и изречена им езаводско воспитна мерка- упатување во воспитнопоправен дом и тоа една година за две деца и 8 месеци за две деца.“ соопштија од Кривичниот суд.
Три од малолетничките се на возраст од 14 години, а една има 17 години; тие беа осомничени дека физички нападнале 13-годишно девојче во два одделни случаи. Иако се гонат за насилство, постапката се водеше по Законот за правда за децата.
Случаите и доказите
Според кривичната пријава, нападите се случиле на 27 и 30 март. Видеозаписи и фотографии од инцидентите беа објавени на една социјална мрежа и доведоа до реакција на надлежните органи.
Како што е појаснето, две од пријавените ученици не се од училиштето Мирче Ацев, туку од средното хемиско и од друго основно училиште на територијата на општината Ѓорче Петров. Жртвата по откривањето на случајот следеше настава од дома, а десет ученици добија дисциплински мерки.
Министерството за образование препорача воведување дежурни наставници како превентивна мерка. Полицијата поднесе шест кривични пријави за запуштање и малтретирање на дете против родителите на децата вмешани во насилството. Решението на прва инстанца сè уште може да се обжали или да биде прегледано во рамките на постапката за малолетници.
Фото: прес-материјал од настанот


