Времето денеска: Сончево и топло, дневна до 20 степени
Мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер; утре се очекуваат дожд и температури над просекот.

Денеска преовладува сончево и топло време, со дневни температури што на некои места ќе достигнат до 20 степени Целзиусови.
Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер, а во западните делови повремено ќе има и засилување од западен правец. Утринските температури ќе се движат од 5 до 11°C, додека дневните ќе бидат меѓу 13 и 20°C.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб ветер од променлив правец. Температурите во главниот град ќе се движат околу 7°C преку ноќта и ќе достигнат приближно 17°C во текот на денот.
УХМР: Какво време ни следи утре
Според прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре ќе има променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер, а на места во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец.
Температурите ќе бидат во постепен пораст и над просекот за овој период од годината, со дневни вредности што ќе се движат од 15 до 21 степен Целзиусов.
Фото: Novica Nakov / Wikimedia Commons (CC BY-SA 2.0)


