Вучиќ: Не постојат босански и хрватски Срби, сите сме Срби
Претседателот на Србија оцени дека Србите на Косово се изложени на терор и упати предупредување до регионалните влади и медиуми.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека српскиот народ на Косово е изложен на страшен терор и дека Приштина секој ден смислува нешто против нив, додека, како што нагласи, светот молчи за страдањето на православните христијани бидејќи тие самите си го предизвикале тоа.
„Сите сме Срби, можеме да живееме во различни земји, но тоа не значи дека сакаме да ги прекројуваме туѓите граници, ниту пак сме заинтересирани за тоа денес, нас нè интересира зачувувањето на националното единство“, рече Вучиќ и подвлече дека не прифаќа географски одредници кои би ги поделиле Србите.
Предупредување до регионот
Тој кажа дека ќе мора да упати предупредување до разни влади и до медиуми во регионот ако продолжат да користат погрдни термини за српскиот народ со цел да го поделат.
Како што изјави, ќе има последици за оние што продолжат со таквата реторика: „Срија ќе се однесува кон нив на истиот начин”.
Во крајот на својата изјава, медиумите известија дека Вучиќ тргнува во кампања за премиер; забележано е и комичното задржување дека ќе патува со „шкодата“ затоа што е многу скромен.
Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC