Зајкова бара целосна транспарентност за исплатите на Арбен Фетаи
Зајкова испрати пратеничко прашање до премиерот — бара детални податоци за исплатите и одговорност за селективната применa на законите.

На 30 јули 2026 година претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка, Моника Зајкова, поднесе официјални пратенички прашања до премиерот со барање за целосна транспарентност — денар по денар — за сите исплатени средства на поранешниот вицепремиер Арбен Фетаи, кој потоа беше именуван за „специјален пратеник“ на Владата во Брисел.
На веб страницата на ЛДП е посочено: „с о цел институцуонална одговорност за случајот на екс-вицепремиерот Фетаи, а сегашен „специјален пратеник“ на Владата во Брисел, претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, денеска премина во директна институционална акција и поднесе официјално пратенички прашања упатено директно до премиерот за сите исплатени денари и за одговорноста за селективната правда“.
Што бара Зајкова
Во пратеничкото прашање се бараат итни писмени одговори со точно дефиниран број на денови на неоправдано отсуство, прецизен износ на исплатената нето и бруто плата и платени придонеси, како и податоци за сите трошоци за репрезентација, службени патувања и дневници за него и за неговиот кабинет.
ЛДП го става основниот акцент на одговорноста за кршењето на законите и на системската селективност при примената на правилата. Во прашањето Зајкова директно бара да се појасни дали некој презел одговорност за одобрување и потпишување исплата на плата на функционер кој јавно потврди — а што Владата го верификува — дека со месеци не доаѓал на работно место.
Партијата исто така инсистира Владата да ги достави официјалните архивски документи доколку постои решение со кое од Фетаи се бара да ги врати парите во државниот буџет.
ЛДП предупредува дека нема да дозволи случајот да се заврши како "уште еден заташкан политички пазар" во кој за граѓаните важат ригорозни казни, додека функционерите кои ги бојкотираат институциите добиваат дипломатска позиција во Брисел. Партијата најавува продолжување на бескомпромисната борба за заштита на јавните пари и расчистување на околностите на именувањето на Арбен Фетаи за специјален пратеник.
Фото: прес-материјал од настанот