Почетна
Македонија

Зајкова објави петиција за воведување електронски нараквици за следење на насилниците

ЛДП бара 10.000 потписи за референдум откако двапати Собранието го одби предлог-законот за нараквици.

·Македонија
Зајкова објави петиција за воведување електронски нараквици за следење на насилниците

На барање на граѓаните, претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка Моника Зајкова објави петиција со која се бара итно воведување електронска нараквица за следење на сторителите на семејно насилство.

Во текстот на петицијата стои дека се собираат 10.000 потписи со цел распишување референдум за брзо воведување на нараквица која ќе ја предупреди жртвата и ќе ги алармира надлежните кога насилникот ќе се приближи поблиску од законски утврденото растојание.

Два обида во парламентот, два откази

Од ЛДП велат дека во рок од една година двапати поднеле предлог-измени на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, но на двете собраниски расправи предлозите биле одбиени од мнозинството.

При првото одбивање мнозинството образложи дека се потребни подетални анализи. Во март годинава, пак, пратничкото мнозинство го одби предлогот на Зајкова за воведување електронска нараквица за сторители на семејно насилство.

Од 97 регистрирани пратеници, само 27 гласаа "за", со што предлогот не беше прифатен. Петицијата е следниот чекор на ЛДП за привлекување поддршка од јавноста поради неуспехот во законодавството.

Фото: К. Попов)

Поврзани написи