Започна исплатата од „Мој ДДВ“ — повратот за април–јуни мора да заврши до 31 август
Исплатата за април–јуни се врши по транши; краен рок за префрлање е 31 август.

Започна исплатата на средствата од мерката „Мој ДДВ“, а дел од граѓаните веќе пријавуваат дека парите им се префрлени на нивните трансакциски сметки.
Станува збор за редовната исплата за вториот пресметковен период од годинава, кој ги опфаќа месеците април, мај и јуни, а ги опфаќа корисниците кои во тој период редовно ги скенирале фискалните сметки преку апликацијата.
Како се вршат трансферите
Управата за јавни приходи во соработка со Министерството за финансии ги обработува податоците и ги префрла средствата на трансакциските сметки внесени во системот „Мој ДДВ“. Исплатите не се реализираат еднократно за сите корисници, туку се изведуваат по трансши во наредни денови.
Износот кој му следува на секој корисник зависи од вредноста и видот на скенираните фискални сметки во текот на тримесечниот период; преку мерката граѓаните добиваат назад дел од платениот ДДВ доколку ги скенираат сметките преку мобилната апликација.
Согласно законските рокови, исплатата на средствата за сметките скенирани во април, мај и јуни треба целосно да заврши најдоцна до 31 август. Граѓаните на кои средствата сè уште не им се префрлени треба да ги очекуваат трансакциите во рамки на предвидениот рок, а не во еден и ист ден за сите корисници.
Фото: прес-материјал од настанот