„Здрава котлина“ поднесе 240 приговори против Нацрт‑просторниот план до 2040, предупредуваат за трајни штети на плодната почва
Иницијативата достави 240 приговори на над 450 страници и предупредува дека планските рударски проекти може да ја загадат првата категорија земјиште.

Граѓанската иницијатива „Здрава котлина“ достави вкупно 240 приговори за Нацрт‑просторниот план на државата до 2040 година, соопшти организацијата, додавајќи дека објаснувањата и доказите кои ги приложиле надминуваат 450 страници. Приговорите, како што велат активистите, ги адресираат предвидените рударски проекти во југoисточниот дел од земјата и нивните последици по земјоделското земјиште.
Што бараат активистите
Од „Здрава котлина“ побараа нивните забелешки да се земат предвид при разгледувањето на планот и појаснија дека поднесокот е резултат на детален технички и правен преглед. Организацијата посочува дека планот предвидува интервенции во области со прва категорија земјиште, каде што ризикот од загадување би имал долгорочни ефекти.
„-Стотиците расположливи илајди хектари, прва категприја земја. Да ми кажете било каква паушална цена. И за стотиците илјади години кои ќе се токсираат од отпадоците од сулфати, сулфиди, цијаниди, роданиди, кои се користат за флатација на таа руда илјадиници години. Помножете со хектарот што ви го кажав. Практично нема споредба со дваиполте проценти кои ќе ги земе од концесионерите, изјави Илија Даов.
Паралелно со институционалните активности, екоактивистите продолжуваат и со средбите со локалното население. Досега разговараа со жителите на Радово, во Општина Босилово, за потенцијалните ризици од отворањето на рудникот Иловица.
„-Треба да бидеме единствени, ништо друго не е спасува. Инаку како што кажав и претходно, ако ние сме единстевни кој и да биде на власт нема да може да го отвори рудникот. Против народот не може никој. Тие луѓе што се на власт се избрани од нас, затоа мора да го слушаат и гласот на народот, вели Митко Ѓоргиев.
Во наредниот период активистите најавија посети и на други населени места во општината за да ги запознаат жителите со предвидените плански решенија и можните последици врз животната средина и земјоделството.
Фото: прес-материјал од настанот


