Здравствени инспектори го проверуваат протоколот на лекувањето на Михајлова на Клиниката за неврологија
Инспекторите земаа искази од директорот Јован Божиновски и од докторот Иван Барбов по заминувањето на Михаилова во Бугарија.

Здравствените инспектори денеска беа на Клиниката за неврологија во Скопје за да го проверат протоколот на лекувањето на Ива Михајлова, која избега во Бугарија. Активноста доаѓа по тврдењата на министерот Клековски дека Михајлова избришала од земјава за да го избегне конзилиумот на бугарски лекари што требаше да дојде и да работи заедно со македонски експерти.
Различни изјави од министер и клиничкиот тим
„– Бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум тука. Тој требаше заедно со македонските лекари да ги провери наводите на лицето. Мислам дека тогаш работите ќе излезеа на виделина какви што се. Јас патувам во Софија и ќе разговарам со нивното Министерство, бидејќи во основа таму нема здравствен случај, изјави Клековски."
Инспекторите земаа искази од директорот на Клиниката за неврологија, Јован Божиновски, и од докторот Иван Барбов, кој го водел случајот на Михаилова. Барбов објасни дека не знаел дека против пациентката се водат судски постапки кога, поради нејзиното бугарско здравствено осигурување, кажал дека може да се лекува во Бугарија, но не ја пратил туку ја поставил таа опција.
„– Меѓутоа и да сум знаел јас сум лекар должен сум да помогнам се што можам и после таа хоспитализација таа дојде неколку пати на преглед кај мене и јас третманите што ги предложив да бидат направени во странство односно да бидат направени во Бугарија беа поради тоа што таа имаше бугарско државјанство и логично беше таму да ги направи тие прегледи и во тој правец беа дадени моите насоки за понатамошно лекување. Тука мојата обврска како лекар завршува , рече Иван Барбов доктор на Клиника за неврологија."
Барбов додава дека прегледите биле плаќани преку конвенцијата меѓу Македонија и Бугарија и дека изборот каде да се лекува е право на пациентот. Тој, исто така, рече дека предлогот за лекување во странство бил даден затоа што, според него, Михаилова немала здравствено осигурување.
Директорот Јован Божиновски рече дека не бил свикан стручен колегиум на кој би било донесено конзилијарно мислење за лекување надвор од земјата. Божиновски посочи дека Барбов не побарал свикување на колегиум и дека докторот чекаше резултат од магнетна резонанца направена во приватна болница.
Михаилова тврди дека била дискриминирана поради бугарското потекло и дека не ѝ било дозволено да замине на лекување во Бугарија откако ѝ биле одземени личните документи во рамки на судска постапка. Таа потоа отпатувала во Бугарија, наведувајќи дека го направила тоа по здравствени причини.
Фото: прес-материјал од настанот


