Зеленски: Франција, Германија, В. Британија, Италија, Полска, ЕК, ЕУ и НАТО ќе учествуваат во преговорите со Русија
Франција, Германија, Велика Британија, Италија и Полска, заедно со Европската комисија, Европскиот совет и НАТО, ќе ги претставуваат европските интереси во разговорите со Русија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Франција, Германија, Велика Британија, Италија и Полска ќе ја претставуваат Европа во преговорите со Русија, заедно со Европската комисија, Европрескот и НАТО.
Во своето редовно обраќање Зеленски рече дека сите наведените страни за првпат учествувале во разговорите меѓу украинскиот и американскиот тим. Тој додаде дека експертите на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, се приклучиле преку видеоврска.
Зеленски не ги наведе деталите за тоа каде и точно кога се одржала средбата. Тој го опиша разговорот како „тежок“ и рече дека групата ќе се состане во Берлин за да ги дефинира следните чекори, но не кажа кога ќе биде таа средба.
Претседателот исто така предупреди за воена поддршка што, според него, Русија ја добива од Северна Кореја: „десетици балистички ракети месечно“.
Според Зеленски, учеството на петте земји и на институциите на ЕУ и НАТО е наменето да обезбеди единствен европски пристап при идните преговори со Москва и да се утврдат следните чекори за дипломатско решавање на конфликтот.
Фото: прес-материјал од настанот


