Почетна
Свет

Зеленски: Ослободени 26 населени места и 745 квадратни километри на југоисточниот фронт

Зелeнски вели дека дејствувале воздушно-десантни и други единици долж 60-километарскиот фронт меѓу Дњепропетровската, Доњецката и Запоришката област.

·Свет
Зеленски: Ослободени 26 населени места и 745 квадратни километри на југоисточниот фронт

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинските сили годинава вратиле под своја контрола 745 квадратни километри окупирана територија и 26 населени места на југоисточниот фронт.

Според Зеленски, операцијата била спроведена според планот од воздушно-десантни и други украински единици долж 60 километарскиот фронт, во појасот меѓу Дњепропетровската, Доњецката и Запоришката област.

Меѓутоа, украинската група за мапирање DeepState процени дека значителен дел од територијата останува во „сива зона“, а делови сè уште се под руска контрола.

Борбите не запреа

Иако руското напредување на повеќе делови од фронтот е забавено, судирите продолжуваат, со извештаи за локални напади и контранапади од двете страни.

Ситуацијата на терен е променлива: командите пријавуваат локални успеси и повлекувања, а независните мапирања не секогаш ги потврдуваат официјалните бројки, што остава отворено прашањето за точната линија на фронтот.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи