Почетна
Свет

Зеленски по нападот во Украина: 25 загинати, меѓу нив пет деца

Украинскиот претседател го осуди ударот врз Прилуки и го поврза со роденденот на Путин.

·Свет
Зеленски по нападот во Украина: 25 загинати, меѓу нив пет деца

Најмалку 25 лица загинаа, а околу 100 се повредени во нов руски напад врз Украина, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Според него, во нападите биле употребени балистички и крстосувачки ракети, како и беспилотни летала „Шахед“.

Најтешко погодени Прилуки

Најтешко погодени се Прилуки во Черниговската област, каде ракета Х-101 директно погодила петкатна станбена зграда. Во тој напад загинале 19 лица, меѓу кои пет деца, а уште 55 лица се повредени, соопштија украинските власти.

Зеленски го осуди нападот и го поврза со роденденот на рускиот претседател. „Ова е подарокот што Путин си го подари за својот роденден – убивање деца и луѓе“, порача Зеленски.

Тој ги повика светските лидери да не молчат за случувањата во Украина.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи