Почетна
Свет

Зеленски: Украина се подготвува за натамошни преговори со претставници на Доналд Трамп

Украинскиот претседател рече дека биле одржани важни состаноци и дека ќе следуваат детали за дипломатските контакти.

·Свет
Зеленски: Украина се подготвува за натамошни преговори со претставници на Доналд Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека Украина се подготвува за понатамошни преговори со претставници на американскиот претседател Доналд Трамп.

Следуваат повеќе детали, најави Зеленски

"Имавме важни состаноци - заедно со нашиот тим се подготвуваме за нови контакти со пратениците на американскиот претседател. Утре (денеска) ќе следат повеќе детали. Правиме се што можеме за да се осигураме дека војната нема да остане единствената опција за она што следува", напиша Зеленски во соопштение објавено на веб-страницата на Претседателството.

Тој нагласи и колку е важно дека "Америка споделува голем дел од ставовите на Украина во врска со ситуацијата и на фронтот и во однос на нападите".

За динамиката на дипломатската работа, Зеленски додаде: "Мора да бидеме активни и токму така работиме - активно, без денови за одмор", изјави украинскиот претседател.

Украинските медиуми, потсетуваат дека директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, за време на ненадејната посета на Москва на почетокот на оваа недела, предложил да се одржи средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп, украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот лидер Владимир Путин како дел од напорите за ставање крај на војната.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи