Почетна
Свет

Земјоделец со трактор изора дел од новоасфалтиран пат во Гливице

Полицијата го приведе 60-годишникот и судот му определи тримесечен притвор откако со „Урсус“ изора дел од новиот асфалт во Гливице.

·Свет
Земјоделец со трактор изора дел од новоасфалтиран пат во Гливице

Полски земјоделец во јужна Полска во петокот со трактор „Урсус“ изора околу 200 метри од новоасфалтиран пат во Гливице, оставајќи долг и длабок ров и предизвикувајќи голема материјална штета за која му се заканува затворска казна до 10 години.

Полицијата го приведе 60-годишниот маж откако на видеото кое градоначалничката на Гливице, Катаржина Кучинска-Будка, го објави на интернет, се гледа црвен трактор како го спушта плугот врз асфалтот и го влече по патот, уништувајќи го свежо положениот слој.

Обвинување и притвор

Мажот во неделата беше обвинет за предизвикување значителна материјална штета, а Окружниот суд во Гливице му одреди тримесечен притвор. Истражителите утврдиле дека документите покажуваат оти патот е во сопственост на локалните власти.

Земјоделецот пред полицијата изјавил дека патот, според него, минувал преку неговиот имот и дека градежните работи биле незаконски. Полицајците рекле дека тој им се заканил и им рекол дека повторно ќе го оштети патот откако ќе си заминат. Кучинска-Будка изјавила дека ова не е првпат земјоделецот да го оштети патот што се протега покрај земјоделско земјиште.

Управата за општински патишта на Гливице соопшти: "Патот во целост е во сопственост на градот Гливице. Тој не е приватен пат и ниту еден негов дел не е во сопственост на физичко лице". Обвинителите наведоа дека земјоделецот постапувал „планирано и намерно“ и користел земјоделска машина која му овозможила да ја оствари својата намера.

Жителите со години чекале патот да биде реконструиран, а трошоците за неговата поправка на крајот ќе ги сноси градот, велат властите. Судот ја проценил штетата на околу 69.000 евра, додека Кучинска-Будка изјавила дека Управата за општински патишта проценила дека штетата изнесува околу 400.000 93.000 евра.

Фото: Policja Gliwice

Поврзани написи