Почетна
Свет

Земјотрес од 4,7 го погоди Неапол и околината — осум полесно повредени

Епицентарот е на 13 киломтери западно од Неапол; најголема материјална штета во Поцуоли.

·Свет
Земјотрес од 4,7 го погоди Неапол и околината — осум полесно повредени

Земјотрес со магнитуда од 4,7 степени според Рихтеровата скала во петокот навечер ја погоди јужна Италија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот е на 13 киломтери западно од Неапол. Досега се пријавени осум повредени лица, но никој не е во сериозна состојба.

Најголема штета во Поцуоли

Најголемата материјална штета е забележана во Поцуоли, близу Неапол, каде што се урнал дел од потпорен ѕид. Големи блокови паднале врз неколку паркирани автомобили и ги оштетиле.

За среќа, нема загинати ниту повредени од уривањето. Екипите за итни случаи ја прегледуваат најпогодената зона и проценуваат дали има дополнителни ризици за објектите.

Локалните власти ги повикаа граѓаните да постапуваат според безбедносните инструкции и да пријавуваат оштетувања на градежни објекти. Сеизмолозите ја следат областа за евентуални потреси по главниот удар.

Фото: АНСА)

Поврзани написи