Почетна
Македонија

Жичницата на Водно ќе биде во функција од следниот месец, најави Орце Ѓорѓиевски

Ѓорѓиевски вели дека кабините се темелно реконструираат, очекуваат пристигнување на моторот од репарирање и жичницата ќе остане затворена додека не биде докажано дека е безбедна.

·Македонија
Жичницата на Водно ќе биде во функција од следниот месец, најави Орце Ѓорѓиевски

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски најави дека жичницата на Водно се очекува да биде повторно ставена во функција од следниот месец, по завршувањето на работите за реконструкција и потребните безбедносни проверки.

На својот Фејсбук-профил тој информира дека во тек се активности за обновување на жичницата и темелна реконструкција на кабините, а очекува да пристигне и моторот кој е испратен на репарирање во странство.

Увид и констатирани недостатоци

Ѓорѓиевски посочи дека при увидот биле констатирани сериозни недостатоци, кои, според него, се последица на долгогодишно непримено на неопходните големи сервиси и редовно одржување од претходните раководства. Жичницата не е во функција од мај годинава.

Во неговите објави тој вели: „Беше потребен обемен и темелен зафат, занемаруван речиси една деценија. Затоа жичницата беше ставена вон функција. За мене, безбедноста на нашиот народ е пред сè. Тука нема компромис“.

Реконструкцијата, додаде градоначалникот, се спроведува со цел да се обезбеди безбедно возење и сигурна работа на жичницата, која ја оцени како едно од омилените скопски доживувања. „Го обновуваме она што со години било запоставувано. Со одговорност, со работа и со дела. Го враќаме сјајот на Скопје“, напиша тој.

Во мај, Ѓорѓиевски претходно изјави дека жичницата ќе остане затворена додека не се утврди дека е целосно безбедна за користење и нагласи дека е потребна целосна дефектажа и сервисирање, без да прецизира колку време ќе трае процесот.

Фото: Принтскрин

Поврзани написи