Жито Лукс 80 години: од традиционален млин до модерен производител
Основанa во 1946, компанијата ги спојува традицијата и новите технологии преку инвестиции и меѓународни стандарди.

Жито Лукс годинава го одбележува јубилејот од 80 години постоење: од основањето во 1946 до денес компанијата се разви во еден од водечките домашни производители на леб и брашно.
Клучен пресврт се случи во 2001 кога Жито Лукс стана дел од меѓународната групација Elbisco, што овозможи дополнителна модернизација и воведување современи производствени практики.
Капацитети, вработени и инвестиции
Зад осумдецениската традиција стои модерен производствен систем и тим од 352 вработени во 2025 година. Компанијата располага со мелнички капацитет од 50.000 тони и пет производствени линии за леб, а дистрибутивната мрежа опслужува околу 3.000 клиенти дневно. Во изминатите години во модернизација на производството, нова опрема, автоматизација и подобрување на процесите се вложени околу 6 милиони евра, со цел да се зголеми ефикасноста без да се изгуби традицијата.
Портфолиото се надгради од традиционалните лебови и брашна до тост‑леби, нутритивни и лебови од 100% цели зрна, специјални производи за сендвичи и хамбургери, различни видови брашно, двопек, презла и други мелнички и пекарски производи. Двопекот се произведува и за извоз, а развојните активности вклучуваат нови видови двопек наменети за извозната категорија.
Квалитетот и безбедноста на храната се меѓу клучните столбови на работењето. Во 2023 година Жито Лукс ја доби IFS Food сертификацијата од Quality Austria, која го опфаќа целокупното производство – стандардни и тост лебови, специјални видови, двопек и презла. Компанијата применува ISO 22000 (кој ги интегрира ISO 9001 и HACCP принципите) и ја истакнува примена и на ISO 14000 за управување со животната средина и ISO 17025 за лабораториски анализи. IFS сертификацијата ја олеснува соработката со големи европски синџири.
Покрај инвестициите и стандардите, Жито Лукс редовно ја изразува општествената одговорност преку поддршка на хуманитарни и општествени иницијативи. Од 1946 до 2026 технологиите и навиките се менувале, но целта останува иста — секојдневно да се создаваат квалитетни и безбедни производи на кои потрошувачите им веруваат.
Фото: прес-материјал од настанот


